• понеделник, 23 декември 2024

Приведен кумановец поради предизвикување пожар

Приведен кумановец поради предизвикување пожар

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 19:15 часот го лишиле од слобода П.Ј.(56) од Куманово поради сомнение дека на своја нива во село Никуљане, кумановско, запалил стрниште, по што пожарот се проширил и зафатил сува трева надвор од неговиот имот.

Како што соопшти денеска МВР, повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат.

Екипа од СВР Куманово извршила увид и по целосно документирање на случајот, против П.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан