Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Египет
- На регионалниот пат Неготино-Градско утрово околу 02.50 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Т.Ј.(44) од Република Турција.

Скопје, 21 март 2005 (МИА) - На регионалниот пат Неготино-Градско утрово околу 02.50 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Т.Ј.(44) од Република Турција.
МВР денеска соопшти дека при контрола во возилото „рено клио“ со босански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.
Возилото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/
Фото: МИА архива