• сабота, 05 октомври 2024

Приведен криумчар од Србија, превезувал пет лица мигранти од Авганистан

Приведен криумчар од Србија, превезувал пет лица мигранти од Авганистан

Скопје, 24 февруари 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово, утрово во 7:40 часот го лишиле од слобода Б.Д.(50) од Република Србија.

Како што информираат од МВР, тој бил затекнат на улица „Србо Томовиќ“, каде со патничко моторно возило „мерцедес“ превезувал пет лица мигранти од Авганистан.

Б.Д бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. дма/са/

 

Фото МИА архива

 
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан