• сабота, 23 ноември 2024

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 20 април 2023 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска во 12:00 часот во село Волково, Скопско го лишиле  од слобода А.Г.(42) од Волково.

Како што информираат од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

А.Г. ќе биде спроведен во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната. дма/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан