• вторник, 26 ноември 2024

Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од 12 години

Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од 12 години

Скопје, 17 јуни 2024 (МИА) - Во Скопје на ул.„Ферид Мурати“ денеска во 13.45 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ј.(29) од скопско Арачиново, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 12 години за сторени кривични дела „убиство“ по член 123 став 2 точка 7 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од МВР, лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната. цр/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан