• недела, 13 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведен крадец од дојранското село Црничани, одземеното пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците

Приведен крадец од дојранското село Црничани, одземеното пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците

Скопје, 11 април 2025 (МИА) - Во село Црничани, општина Дојран вчера во 15.45 часот полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ј.(21) од село Црничани.

МВР денеска соопшти дека тој се сомничи дека од почетокот на април 2025 година извршил две кражби во објект во изградба и во дворно место од куќа во Дојран.

Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени предметите кои ги одзел и тие ќе бидат вратени на сопствениците. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по документирање на случајот против Г.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан