Приведен крадец во Велес
- Полициски службеници од СВР Велес денеска во 02:40 часот го лишиле од слобода З.С.(37) од село Оморани, општина Чашка, поради основи на сомневање дека со употреба на сила влегол во објект на улица „Коле Дрнков“ во Велес, и одзел пари.

Скопје, 7 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес денеска во 02:40 часот го лишиле од слобода З.С.(37) од село Оморани, општина Чашка, поради основи на сомневање дека со употреба на сила влегол во објект на улица „Коле Дрнков“ во Велес, и одзел пари.
Како што информираат од МВР, З.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. аа/
Фото: МИА архива