• недела, 21 декември 2025

Приведен жител на демирхисарско Обедник, пронајдени оружје и муниција

Приведен жител на демирхисарско Обедник, пронајдени оружје и муниција

Скопје, 14 мај 2025 (МИА) - Приведен е жител на демирхисарското село Обедник бидејќи во неговиот дом е пронајдена одредена количина на оружје и муниција. 

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во домот на 62-годишниот М.С. пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол  и 158 куршуми  различен калибар.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан