• вторник, 24 декември 2024

Приведено лице од кичевското село Колари, превезувало нежигосано огревно дрво

Приведено лице од кичевското село  Колари, превезувало нежигосано огревно дрво

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - Во кичевско Колари, синоќа во 19.05 часот од полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки, во рамки на Одделот за гранични работи при БЈБ, приведен е 41-годишниот Л.З. од истото село, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

- Тој во патничко возило „сеат толедо“ со кичевски регистарски ознаки, со приклучна приколка, кое го управувал, превезувал нежигосано огревно дрво - бука. Исто така, при негова контрола, констатирано било дека Л.З. не поседува никаква документација за дрвата, се појаснува во соопштението.

Лицето било спроведено во Полициско одделение Зајас и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. бд/дма/

Фото: Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан