• вторник, 24 декември 2024

Приведено лице за издржување затворска казна

Приведено лице за издржување затворска казна
Скопје, 7 септември 2022 (МИА) - На граничниот премин „Долно Блаце“ денеска од слобода бил лишен Н.Љ.(25) од Тетово за издржување затворска казна. Како што информираат од МВР, при пасошка контрола и при проверка во оперативната евиденција било констатирано дека бил баран со судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. сст/дма/

Остани поврзан