• недела, 21 јули 2024

Приведени крадци од Тетовско, фатени на дело

Приведени крадци од Тетовско, фатени на дело
Тетово, 13 февруари 2023 (МИА) - Кај Градскиот стадион во Тетово, денеска во 02.15 часот  полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.Р.(18) и Ф.Х.(19), двајцата од тетовското село Пршовце. 
 
Од МВР денеска информираа дека тие биле  затекнати при извршување на кривично дело кражба од паркирано товарно моторно возило „ман“, со тетовски регистарски ознаки.Двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок. цр/

Остани поврзан