Приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект во тетовско
- Странските државјанки биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
![Приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект во тетовско](https://mia.mk/index.php/images/20250107155439_big_730x400_16.webp )
Скопје, 7 јануари 2025 (МИА) - Девет странски државјанки биле приведени при контрола на угостителски објект на регионалниот пат Тетово - Желино, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.
- Поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени девет странски државјанки, од 21 до 38-годишна возраст, од Франција, Србија, Украина, Колумбија и од Бразил, се појаснува во соопштението на МВР.
Странските државјанки биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка. бд/бак/
Фото: МИА архива