• четврток, 09 јануари 2025

Приведени двајца стружани поради предизвикување семејно насилство

Приведени двајца стружани поради предизвикување семејно насилство

Струга, 9 јануари 2025 (МИА) - Струшката полиција приведе две лица од Струга по претходни пријави за семејно насилство во два одделни случаи, информира денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според него, вчера во 14 часот и 30 минути бил лишен од слобода С.К.(42) од Струга, по пријава дека во семејната куќа со остар предмет се заканувал на негов 46 – годишен братучед од Струга, а оштетил и дел од покуќнината.

Еден час претходно приведен бил и Б.Ш.(49), по претходна пријава дека со работен алат се заканувал на членови на неговото семејство.

- По целосно документирање на двата настани, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Димоски. сс/вј/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан