Претседателот Пендаровски ја посети „Костал Македонија“ во Охрид
- Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети фабриката „Костал Македонија“ во Охрид, која е дел од германската групација „КОСТАЛ“ за производство на делови и компoненти за автомобилската

Скопје, 23 септември 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети фабриката „Костал Македонија“ во Охрид, која е дел од германската групација „КОСТАЛ“ за производство на делови и компoненти за автомобилската индустрија.
За време на посетата, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, беше запознаен со производствените капацитети, со актуелните проекти, идните бизнис насоки и инвестициски проекции на компанијата.