• вторник, 24 декември 2024

Претседателот на МД „Илинден“ Ѓурѓај оствари средба со амбасадорот Марковски

Претседателот на МД „Илинден“ Ѓурѓај оствари средба со амбасадорот Марковски
Тирана, 29 март 2021(МИА) - Претседателот на македонското друштво „Илинден“ - Тирана, Никола Ѓурѓај оствари работна средба со македонскиот амбасадор во Република Албанија, Данчо Марковски. На средбата Ѓурѓај го информирал амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија. - При тоа беа актуализирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Албанија. Секако, амбасадорот беше информиран и за активностите на нашето друштво кое со години е активен субјект меѓу македонската заедница, како и за активностите во Федералната Унија на европските националности (ФУЕН), каде што сме рамноправна членка, изјави Ѓурѓај за МИА. Тој посочува дека Марковски покажал исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. - Многу отворено разговараме за можни активности за надминување на проблемите на Македонците во оваа држава. Секако, во опсегот на неговите надлежности, амбасадорот, Марковски искажа подготвеност да помогне за подобрување на малцинските права на Македонците, рече тој. Ѓурѓај искажал голема благодарност, за како што оценува, непосредната и срдечна средба. вт/фф/

Остани поврзан