• петок, 05 декември 2025

Претседателот на МД „Илинден", Никола Ѓурѓај, учествува  на Конгресот на ФУЕН

Претседателот на МД „Илинден

Тирана, 23 октомври 2025 (МИА) - Претседателот на македонското друштво „Илинден"- Тирана учествува на 69. Конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), кој денеска попладне почна во Болзано, Јужен Тирол, Италија.

-Највисокиот собир на ФУЕН ќе трае до 26 октомври а домаќин е  Јужнотиролската народна партија, како рамноправна членка на унијата. Да потсетам дека нашето друштво рамноправна членка  е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства при ФУЕН, рече Ѓурѓај за МИА. 

Присуствуваат претставници на автохтоните национални малцинства, националности и јазични групи од цела Европа.

Конгресот ќе се фокусира на дискусии за актуелните случувања во политиката на малцинствата, средбите со регионот домаќин и неговите модели за заштита на малцинствата, како и идниот развој на ФУЕН.

На сите досегашни Конгреси друштвото „Илинден" е редовен учесник и подносител на резолуции за положбата на Македонците во Албанија.

- И сега имаме поднесено резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Очекуваме, како и претходните резолуции за положбата на Македонците да биде едногласно усвоена, нагласи Ѓурѓај.

Друштвото редовно има и свој штанд на саемот на учесниците, на кој презентира македонски традиционални јадења, пијалаци, како и примероци од весникот " Илинден" и монографиите со македонски народни носии од сите делови на Албанија. вт/ац/

Фото: МД"Илинден"-Тирана

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан