• сабота, 09 ноември 2024

Претседателот на Ла Лига: Меси е машина за правење пари, мило ми е што игра во Шпанија

Претседателот на Ла Лига: Меси е машина за правење пари, мило ми е што игра во Шпанија
Мадрид, 12 октомври 2020 (МИА) - Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас е воодушевен што напаѓачот на Барселона, Лионел Меси не го напуштил клубот во последниот преоден рок. - Мило ми е што Меси игра во Шпанија. Тој е машина за правење пари. Со години се подготвувавме да си заминат Меси и Роналдо за да не ја повреди финансиски Ла Лига. Нејмар замина во ПСЖ, но француската лига не расте меѓународно. Роналдо замина во Јувентус, но ниту Серија А не порасна. Ако Меси си заминеше, ние сè уште би ги продавале правата за пренесување на Ла Лига во следните четири сезони на светот. Никој не ни се јави да ни каже дека ќе го раскинат договорот доколку Меси си замине, истакна Тебас. Фудбалерите се важни, но животот продолжува. Роналдо и Нејмар ги нема, а Ла Лига продолжува да расте. Причината е во работата што ја направивме за развој на брендот Ла Лига. Нема фудбалер кој ја сменил целата лига, додаде првиот човек на шпанската фудбалска лига. зс/

Остани поврзан