• петок, 19 декември 2025

Претрес кај жител и жителка на Росоман, пронајдени ловечки карабини и куршуми што ги поседувале без документација

Претрес кај жител и жителка на Росоман,  пронајдени ловечки карабини и куршуми што ги поседувале без документација

Кавадарци, 19 мај 2025 (МИА) - Претрес бил извршен кај жител и жителка на Росоман,  пронајдени биле ловечки карабини и куршуми што ги поседувале без документација, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.  

- Вчера, полициски службеници од ОВР Кавадарци, со судска наредба, извршија претрес во домот на А.Д.(67) од Росоман, при што се пронајдени и одземени ловечки карабин калибар 7.9мм, цевка за карабин, дрвен кундак, 144 куршуми различен калибар, што ги поседувал без соодветна документација и ловечки карабин, што го поседувал со дозвола. Исто така, со судска наредба,  извршен  е претрес и во домот на 61- годишната М.Т. од Росоман, каде се пронајдени и одземени ловечки карабин, ловечка пушка и 153 куршуми различен калибар, кои ги поседувала без соодветна документација, појаснија од СВР Велес. 

По документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. свд/

 

Остани поврзан