• вторник, 22 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претрес во Струмица, пронајдена дрога, едно лице лишено од слобода

Претрес во Струмица, пронајдена дрога, едно лице лишено од слобода

Струмица, 19 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица синоќа во 21:35 часот  го лишиле од слобода З.Р.(53) од Струмица.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, соопшти денеска МВР, пронајдени се и одземени марихуана и семки од растението канабис, соопштија денеска од МВР.

Според информацијата од полицијата, лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.рт/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан