• петок, 26 јули 2024

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

Скопје, 3 мај 2024 (МИА) - Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициската станица Кичево синоќа во 21.40 часот ги лишиле од слобода Б.Д.(32) и А.Д.(25), двајцата кичевци.

Како што соопшти МВР, при претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од МВР. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан