• вторник, 27 август 2024

Претпладне со магла и ниска облачност, попладне сончево

Претпладне со магла и ниска облачност, попладне сончево
Скопје, 22 октомври 2022 (МИА) - Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени. Во Скопје претпладне со магла и ниска облачност, попладне сончево. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 18 степени. Ќе се задржи претежно сончево, а од недела и значително потопло време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

Остани поврзан