Претпладне сончево, попладне облачно и нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер

Скопје, 5 јули 2020 (МИА) - Времето претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ=7
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.