• сабота, 31 август 2024

Претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд, попладне сончево

Претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд, попладне сончево
Скопје, 21 мај 2021 (МИА) - Претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд на истокот од земјава. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, особено изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена. Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне претежно сончево. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 20 степени. Од сабота следува период на претежно сончево и значително потопло време со слаб до умерен јужен ветер

Остани поврзан