• сабота, 23 ноември 2024

Прес-конференција на координаторката на Алијанса на Албанците Илире Даути

Прес-конференција на координаторката на Алијанса на Албанците Илире Даути
8 јуни 2022  Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите! Ви благодариме што сте тука да ја следите денешната конференција, која ја повикавме за да дадеме забелешки, но и наши сугестии и предлози во однос на новиот тарифен модел за потрошувачка на електрична енергија предложен од Регулаторната комисија за енергетика. Прво, за да биде наплатата што е можно пореална и правична, со оглед на тоа што отчитувањето на мерачите не може да се врши во строг временски период (пр. секогаш на 20 или 25 во соодветниот месец) поради празници или викенди кои се неработни дена, АА предлага дневно тарифирање и примена на овие блок тарифи врз основа на дневна потрошувачка, Второ, предлозите што ги изнесе РКЕ ако ги погледнеме подетално, на некој начин изгледа дека ги фаворизира граѓаните на град Скопје, бидејќи градот Скопје има централно греење, а најголемиот дел од жителите на овој град нема да имаат потреба да се греат во текот на зимската сезона со струја, со што нема да ги надминат предложените блок тарифи од трето и четврто ниво, што не е случај со граѓаните од другите градови. Трето, тотален неуспех и не осмислен добро од актуелната власт, беше примената на субвенции за граѓаните кои од греење на дрва би преминале на греење со клима инвертер, со што истите сега во текот на зимската сезона многу лесно ќе поминат во потрошувачката на третиот и четвртиот блок, кои ќе ја платат потрошената енергија многу поскапо. За спроведување на овие блок тарифи ја потсетуваме Владата и предлагачот РКЕ дали овие поделби се концептирани согласно актите, законите и Уставот на РСМ каде се вели дека сите граѓани уживаат еднакви права и обврски. Имајќи ги предвид овие факти и забелешки, АА предлага минималната дневна потрошувачка на електрична енергија за дистрибуција преку блок тарифи да биде како што следува: Првиот тарифен блок од 0 - 15 KWH Вториот тарифен блок од 16 - 30 kWH Третиот тарифен блок од 31-45 KWH Четврти тарифен блок над 46 KWH Овој предлог го илустрираме со неколку примери: Врз основа на некои параметри за функционирање и задоволување на потребите, едно семејство со среден приход месечно троши околу 700 KWH во двете мерни тарифи, поделени на 450KWH во високата и 250KWH во ниската тарифа, а доколку важат цените предложени од РКЕ каде во првата тарифа ќе се применува сегашната цена на високата тарифа за потрошувачи домаќинства (7,32 денари), во четвртиот блок се предлага да се применува цената на индустриската тарифа (11,41 денари), а за втората и трета тарифа ќе се применува просечните цени меѓу овие две граници (8,6833 денари и 10,0466 денари). Од оваа илустрација може да се види дека предлогот на АА во овој момент ги штити потрошувачите бидејќи и покрај поделбата на тарифни блокови, бидејќи границата во првиот блок е до 450KWH во високата тарифа, нема да има промена од сегашната добиена сметка од страна на потрошувачот (пред примена на блок тарифи). Но, владиниот предлог се разликува од сегашната наплата во износ од 515,00 денари повеќе (со предлогот на КРРЕ сметката ќе биде во износ од 5.121,00 денари додека сегашната наплата ќе биде во износ од 4.606,00 денари), така што имаме зголемување на фактурата од 10,06%. (Табела 1) Но ако претпоставиме дека потрошувачот троши 1200KWH во високата тарифа и 800KWH во ниската тарифа, фактурата со предлог на РКЕ ќе биде во износ од 16.097,00 денари, а сегашната фактура би била 12.490,00 денари, што претставува зголемување за 3.607,00 денари или изразено во проценти 28,88%. (Табела 2) Од РКЕ беше претставено дека ќе се применува ниската тарифа за индустриската тарифа и за јавното осветлување, но не беа дадени многу детали. Во пресрет на овие детали и други позиции кои во иднина ќе ги предложи РКЕ во однос на цената на електричната енергија, АА ја информира јавноста дека со посебно внимание ги следи овие случувања и дека во догледно време ќе излезе со предлози и сугестии со цел да се заштитат потрошувачите. Прес-конференција на Илире Даути, координаторка на АА __________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан