• сабота, 21 февруари 2026

Преку Форумски проект Општина Василево ќе набави камион за собирање смет

Преку Форумски проект Општина Василево ќе набави камион за собирање смет

Василево, 19 февруари 2026 (МИА) - Од петте форумски сесии, од кои последната се одржа синоќа, граѓаните на Општина Василево одлучија да набават камион за собирање смет за ЈКП „Турија“, соопштија денеска од локалната самоуправа.

Во обраќањето пред присутните, градоначалникот на Василево, Славе Андонов, како што се наведува во соопштението, изразил благодарност до учесниците за вклученоста, сериозниот пристап и извонредните идеи и предлози и посебна благодарност до  донаторите, односно Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), Министерството за локална самоуправа и Проектна единица на УНДП – сите заедно заслужни за крајниот резултат: набавка на камион за собирање смет.

-Со набавениот камион, сигурен сум дека ќе ми се зголеми капацитетот на нашето Јавно комунално претпријатие, кое примарно е одговорно за одржувањето на комуналната хигиена и дека веќе од утре со зголемен капацитет поуспешно ќе одговара на секојдневните потреби на граѓаните во делот на прибирањето на отпадот, се наведува во пренесената изјава на Андонов.

Од овој форумски процес, како продукт произлегоа и препораки до општината и градоначалникот, во форма на проекти чија реализација ќе го подобри животот на граѓаните во заедницата.

Инаку, овој форумски процес во Општина Василево се реализираше преку пет форумски сесии одржани во периодот 2024-2026 година во рамки на  Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“,финансирана од Швајцарската влада,  Министерството за локална самоуправа, и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери. рт/дма/

Фото: Општина Василево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан