Прекин на сообраќајот на магистралниот пат Струмица-Ново село поради сообраќајка
- Сообраќајот на магистален пат Струмица - село Ново село , на делницата од Струмица кон село Дабиле во близина на клучката кон село Сачев е прекинат од 14:10 часот.

Скопје, 6 август 2022 (МИА) - Сообраќајот на магистален пат Струмица - село Ново село , на делницата од Струмица кон село Дабиле во близина на клучката кон село Сачев е прекинат од 14:10 часот.
Како што информира Авто-мото сојузот на Македонија сообраќајот е во прекин поради сообраќајна незгода, а пренасочен е по локален спореден земјен пат. ки/цр