• среда, 27 ноември 2024

Предлог од Владата за вонредна состојба до 22 јуни за спроведување на изборите

Предлог од Владата за вонредна состојба до 22 јуни за спроведување на изборите
Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) -  Владата вечерва на 67-мата седница донесе заклучок да поднесе предлог до претседателот на државата Стево Пендаровски, врз основа на членот 125 од Уставот, да утврди постоење вонредна состојба за период од осум дена, односно да трае од денеска (15 јуни) до 22 јуни.
- Предлогот се поднесува заради спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, со  мерки за заштита на јавното здравје во услови на пандемија прогласена од Светската здравствена организација што ја зафати и нашата држава, соопшти владината прес-служба. хс/скс/

Остани поврзан