• недела, 02 февруари 2025

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција проследен на натамошна собраниска постапка

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција проследен на натамошна собраниска постапка

Скопје, 22 јануари 2025 (МИА) – Собраниската комисија за финансирање и буџет на денешната седница го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, по скратена постапка, поднесен од пратениците Антонијо Милошоски, Бојан Стојаноски, Љупчо Пренџов, Бране Петрушевски и Тони Јаревски, и одлучи да го проследи на натамошна постапка во Собранието.

Како што посочи Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ во образложението за поднесувањето на законското решение, со измените се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа и се заоструваат условите кој може да биде раководител на Финансиската полиција. Воедно се дава можност Министерството за финансии да има уште поголема соработка со Финансиската полиција, а таквата соработка треба да ја координира директорот на Финансиската полиција.

Со предложените измени и дополнувања на Законот за финансиската полиција се врши и усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен.

Во рокот утврден со деловникот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи. вј/нд/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан