• среда, 25 декември 2024

Предизвикал пожар во сопствената и во куќата на брат му – истрага против жител на тетовско Мерово

Предизвикал пожар во сопствената и во куќата на брат му – истрага против жител на тетовско Мерово

Скопје, 11 април 2023 (МИА) - Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило „тешки дела против општата сигурност“.

-На 9 април, осомничениот 57-годишник, намерно иницирајќи пожар во куќи во селото Мерово, предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Во вечерните часови на критичниот ден, тој најпрвин влегол во куќата на неговиот брат кој со неговото семејство живее во странство. Таму со запалка го запалил килимот во една од собите. Потоа осомничениот влегол во сопствената куќа и со запалка ја запaлил завесата во една од собите. На крај, предизвикал пожар и во плевна во близина на неговата куќа, причинувајќи голема имотна штета, и го напуштил местото на настанот, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека се исполнети законските основи и дека присуството на осомничениот во текот на кривичната постапка не може да се обезбеди со друга мерка.​ дма/са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан