• понеделник, 23 декември 2024

Преговорите за прекин на огнот во Газа започнаа „ветувачки“, соопшти Белата куќа

Преговорите за прекин на огнот во Газа започнаа „ветувачки“, соопшти Белата куќа

Вашингтон, 15 август 2024 (МИА) - Портпаролот на Советот за национална безбедност при Белата куќа, Џон Кирби, извести дека преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа, кои се одвиваат во Доха, имаат „ветувачки почеток“.

Кирби изјави дека разговорите ќе продолжат и утре. - Се наоѓаме во момент кога рамката на договорот е општо прифатена, а празнините кои треба да се пополнат се однесуваат на неговото спроведување, додаде тој.

„Сè уште има многу работа пред нас“, рече Кирби и додаде: „Со оглед на сложеноста на договорот, не предвидуваме дека денешните дискусии ќе завршат со постигнување решение“.

- Пречките кои остануваат можат да се надминат и ние мораме да постигнеме решение, додаде тој.

- Заложниците мора да бидат ослободени, мора да има пауза (во борбите) поради палестинските цивили во Газа, безбедност за Израел и намалување на тензиите во регионот, и сето тоа мора да се случи што е можно побрзо, истакна Кирби.

Портпаролот потврди дека директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, учествува во преговорите во Доха. ссм/

фото: архива

Остани поврзан