Прв случај со коронавирус во Олимпиското село во Токио
- Во Олимпиското село Токио 2020, откриен е прв случај заразен со коронавирус.

Токио, 17 јули 2021 (МИА) - Во Олимпиското село Токио 2020, откриен е прв случај заразен со коронавирус.
Ова го изјави извршниот директор на организацискиот комитет на Олимпијадата 2020, Тоширо Муто.
Еден од членовите на странска делегација доби позитивен тест, но националноста и другите лични податоци не беа обелоденети. Според „NHK“, заразеното лице не било спортист.
Веќе се пријавени случаи на инфекција меѓу делегациите на Израел, Уганда, Србија, Нигерија и Русија, но тоа се случи или на аеродромот по пристигнувањето во Јапонија, или на местата за прелиминарно распоредување на тимови.
Олимпијадата ќе се одржи од 23 јули до 8 август. зс/