• вторник, 24 декември 2024

Прва средба на Гаши со амбасадорката на Кралството Шведска

Прва средба на Гаши со амбасадорката на Кралството Шведска

Скопје, 6 јуни 2024 (МИА) - Собранискиот претседател Африм Гаши денеска ја оствари првата средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин, соопштија од собраниската прес-служба.

Гаши изразил благодарност до Шведска за континуираната поддршка на нашата држава за полноправно членство во Европската Унија. Тој укажал дека очекува поддршката да продолжи и понатаму.

Во насока на добрата соработка е и ратификувањето на протоколот за пристап на Шведска во НАТО. Во очекување е и формирање на парламентарната група за соработка на нашето Собрание со Шведскиот парламент во новиот парламентарен состав, се истакнува во соопштението.

Шведската амбасадорка се заблагодарила за поддршката за членството во Алијансата и ја потврдила натамошната посветеност на зајакнување на меѓусебните односи.

- Двете страни беа одлучни дека ќе продолжат одличните билатерални односи и бројните развојни проекти, се нагласува во соопштението. бд/sa/

Фото: Собраниска прес-служба

Остани поврзан