• четврток, 07 ноември 2024

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со Рускиот амбасадор Баздникин  

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со Рускиот амбасадор Баздникин  

Скопје, 4 октомври 2024
 
Денес, 4 октомври 2024 година (петок), со почеток во 13:00 часот, во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието на РМ пратениците на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил - Хактан, остварија средба со Рускиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Баздникин.
 
На оваа официјална средба беше разговарано за актуелните домашни и меѓународни теми, со посебен осврт на мултиполарниот свет. Акцент беше ставен на актуелните безбедносни предизвици на светската политичка сцена, но и на состојбата во регионот.
 
Од страна на нашите пратеници беше истакнато дека Левица се залага за отворена соработка со сите големи сили и членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ја и Русија. Цениме дека развојот на односите со Русија се од круциално значење за Македонија, а оваа земја претставува огромна можност за економска, трговска, но и културна размена.
 
Македонскиот народ во огромен дел не се согласува со владината политика на санкции кон оваа земја. Оттука, од наша страна беше истакнато дека санкциите, под притисок на ЕУ и НАТО, воведени од претходната Влада, кои продолжуваат да дејствуваат во засилено темпо и при актуелната власт, се неоправдани и во спротивност од интересите на двете земји.
 
Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, со надеж за продлабочена идна соработка меѓу двата народа.

 

ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 
 
 

Остани поврзан