• сабота, 23 ноември 2024

По трет пат се одржа „Саемот на кариера“ во организација на Универзитетот „Мајка Тереза“

По трет пат се одржа „Саемот на кариера“ во организација на Универзитетот „Мајка Тереза“

Скопје, 15 мај 2024 (МИА) – Во организација на Универзитетот „Мајка Тереза“, денеска се одржа „Саемот на кариера“ на кој учествуваа 25 приватни компании, каде свои обраќања имаа ректорот на УМТ, Изет Зеќири, претседателот на Бизнис конфедерацијата, Миле Бошков, како и претсеателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Менди Ќира. 

Зеќири во своето обраќање истакна дека соработката меѓу Владата, академијата и бизнис заедницата мора да функционира, бидејќи како што рече, од заеднички интерес е да го спречиме иселувањето на младите во странство.

– Идејата за организирање на овој саем е да се воспостават првите контакти меѓу работодавачите и потенцијалните вработени, а по заедничка анализа на почитуваната бизнис заедница ќе ги дизајнираме и студиските програми според нивните програми. Стоиме на ставот дека триаголникот Влада-Академија-Бизнис заедница мора да функционира и мора да ја интезивираме соработаката, со единствена цел, со заеднички интерес да го спречиме иселувањето на младите во странство, бидејќи секој кадар со високо образование што ќе замине создава празнина во нашиот пазар, рече Зеќири.

Претседателот на Бизнис конфедерацијата вели неопходно е студентите да ги истражуваат компаниите за да знаат која е најдобра за нив, истакнувајќи дека исклучително важно е студентите да учат и работат во земјава.

– Најважно е дека студентите треба да работат и учат тука, и да создаваат вредност пред се за себе, за семејството и нормално за општеството. Исто така многу е важно да се напомене дека неопходно е секогаш да се истражуваат компаниите, која е најдобра за вас студентите, и која ќе биде компанијата или вашата професионална одредба, рече Бошков. ра/аа/

Фото: МИА

 

Остани поврзан