• петок, 08 ноември 2024

По речиси шест месеци ослободени окупираните грчки танкери во Иран

По речиси шест месеци ослободени окупираните грчки танкери во Иран
Атина, 16 ноември 2022 (МИА) – Двата танкери под грчко знаме, кои на крајот на мај годинава беа насилно окупирани и закотвени во Персискиот залив денеска, по речиси шест месеци се ослободени, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за поморство на Грција соопштија дека бродовите „Prudent Warrior“ и „Delta Poseidon“,„кои беа закотвени од 27 мај 2022 година, заминаа по повеќемесечни разговори со Иран“, а конечниот договор со Техеран бил постигнат денеска во присуство заменикот министер за поморство Костас Кацафаду. Министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис рече „по систематските напори на грчката Влада, денеска се стави крај на еден непријатен и особено сложен случај“, им се заблагодари на членовите на екипажот за трпението и довербата што ја покажале, но и на бродските компании за соработката. Двата танкери заедно со членовите на екипажот, меѓу кои и девет грчки државјани, на крајот на мај, според Министерството за надворешни работи на Грција беа насилно окупирани во Персискиот залив, за што беше упатен демарш до Иран. Грчките медиуми тогаш пишуваа дека зад нападот стојат Чувари на исламската револуција. ср/сд/

Остани поврзан