• среда, 25 декември 2024

По повеќе од 20 години во скопската Зоолошка се родија три лавчиња

По повеќе од 20 години во скопската Зоолошка се родија три лавчиња
Скопје, 20 март 2022 (МИА) – По повеќе од 20 години во скопската Зоолошка се родија три лавчиња, соопштуваат од Град Скопје. Директорот на Зоолошката градина – Скопје, Кристијан Стаменов истакнал дека лавчињата се стари само неколку дена, а посетителите ќе имаат можност да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште. По тој повод градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска извршила увид во живеалиштето на лавчињата. -Ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошката градина во Скопје, лавчињата се одлично згрижени, а вработените во Зоолошката градина со професионалност и со внимание се грижат за мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите услови во внатрешното живеалиште каде што се постојано набљудувани, вели градоначалничката Арсовска. Градот Скопје ги известува сите љубители на животни и посетители на ЗОО – Скопје, дека во идниот период ќе имаат прилика да учествуваат во давањето имиња на трите лавчиња.свс/лв/

Тагови

Остани поврзан