• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

По неколку дена пауза, поради ЕМОФ, од утре отворени за јавноста се базените во Куманово

По неколку дена пауза, поради ЕМОФ, од утре отворени за јавноста се базените во Куманово

Kуманово, 28 јули 2025 (МИА) - Од утре, по неколкудневна пауза поради одржувањето на европските младински олимписки игри повторно почнува со работа отворениот и затворен градски базен Куманово, информираа денеска надлежните од спортско-рекреативниот центар базени Куманово.

- Ги информираме посетителите на градски базен Куманово дека од вторник, утре затворениот и отворениот базен ќе бидат отворени за посетители со редовно работно време. Денеска ќе се изврши филтрација на водата, изјави директорот на ЈП „Куманово-Паркинг“, Андреја Маџовски.

Од претпријатието кое менаџира со спортскиот комплекс базени информираат дека интересот за користење на отворениот базенот постојано расте, особено за време на викендите и во деновите со високи температури. Лани, во текот на работните денови посетеноста се движела од 100 до 200 лица, а за време на викендите од 400 до 500 лица.

Правилникот за користење предвидува да биде користен од пливачи и посетителите се должни да ги почитуваат хигиенските и безбедносните мерки. На базенот има спасувачи-вработени.

- Во меѓувреме продолжува со работа и затворениот градски базен кој го користат спортските клубови кои одржуваат часови и рекреативците, изјави Маџовски.

Цената на еднодневната влезница за отворениот базен останува непроменета и изнесува 150 денари по лице. ам/


Фото МИА и СРЦ Базени

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан