• вторник, 17 декември 2024

По кибернападите врз Албанија телефонски разговор Рама - Столтенберг

По кибернападите врз Албанија телефонски разговор Рама - Столтенберг
Тирана,  14 септември 2022 (МИА) - По кибернападите врз институциите во Албанија од страна на Иран, телефонски разговарале албанскиот премиер Еди Рама и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Според албанските медиуми, Стoлтенберг преку објава на Твитер нагласува дека НАТО ќе понуди целосна поддршка и солидарност со Албанија.
- За кибернападите против нашиот сојузник Албанија, кои многу сојузници му ги припишуваа на Иран, НАТО ќе продолжи да дава поддршка и да стои во целосна солидарност со Албанија, напишал Столтенберг.
За истото прашање Рама вчера телефонски разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој го осудил нападот на 9 септември врз албанските гранични контролни системи, кој следи по кибернападите на Иран врз владините системи на Албанија на 15 јули.
Блинкен ја истакнал важноста на соработката меѓу САД и Албанија, како сојузник во НАТО, за регионалната безбедност. вт/паг/

Остани поврзан