• среда, 27 ноември 2024

По две години пауза се одржа фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“

По две години пауза се одржа фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“
Струмица, 14 мај 2022 (МИА) - Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица синоќа се одржа 12. Фестивал на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“, чие последно издание беше пред две години заради пандемијата од Ковид-19. На фестивалот учествуваа „Распеани струмичани“, „Распеани радовишани“, Распеани валандовчани“, Распеани гевгеличани“ и групата „Орнаменти“ од Штип. Тие се претставија со неколку староградски песни и серенади, а гостинка на фестивалот беше фолк пејачката Сузана Гавазова. Фестивалот, кој симболично е насловен „Под кулите на Струмица“, по една од најпознатите струмички песни, е од ревијален карактер, а се одржа со поддршка на Министерството за култура и Општина Струмица. рт/бак/

Остани поврзан