• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Скопје, 25 ноември 2024 (МИА) - Во Музејот на град Скопје вечерва од 19:30 часот ќе биде одбележан почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

Најавуваат дискусија, прикажување кратки видеа и документарни филмови и изложба „Лузни на издржливост, гласови на надеж“ од Мартина Спасовска, како што појаснуваат, со цел да се испрати порака дека насилството врз жените и девојчињата никогаш не е оправдано.

Кампањата се одбележува под покровителство на семејството агенции на Обединетите Нации во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, УСАИД - Агенција за меѓународен развој на САД и други.

- Целта на кампањата на глобално и регионално ниво е да ја подигне општествената свест во борбата за спречување на родово базираното насилство, истакнуваат организаторите.

Најавени се дискусија, прикажување кратки видеа и документарни филмови и изложба „Лузни на издржливост, гласови на надеж“ од Мартина Спасовска со цел да се испрати порака дека насилството врз жените и девојчињата никогаш не е оправдано. бд/бак/

Фото: Плакат

Остани поврзан