Во Битола отворена изложба посветена на македонскиот сликар Перо Спироски Пипо
- Во битолската галерија „Ранко Струмениковски“ синоќа беше отворена ретроспективна изложба посветена на истакнатиот македонски сликар Перо Спироски – Пипо (1928–1995), маркантен претставник на првата повоена генерација македонски современи сликари со академско образование и член на познатата уметничка група ВДИСТ.
Битола, 7 април 2026 (МИА)
Во битолската галерија „Ранко Струмениковски“ синоќа беше отворена ретроспективна изложба посветена на истакнатиот македонски сликар Перо Спироски – Пипо (1928–1995), маркантен претставник на првата повоена генерација македонски современи сликари со академско образование и член на познатата уметничка група ВДИСТ.
Изложбата содржи стотина дела создавани во полвековно активно и плодно сликарско творештво - пејзажи, актови, портрети и апстрактни композиции и претставува настан од исклучително уметничко значење за македонската ликовна сцена.
Македонскиот сликар Спировски бил и член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ДЛУМ, остварил бројни самостојни и групни изложби во Белград, Загреб, Љуљана, Марибор, а учествувал и на ликовната колонија Почитељ во Босна и Херцеговина. мт/вг/
Фото: МИА