• сабота, 21 февруари 2026

Почна уредувањето на кејот на реката Брегалница во Делчево

Почна уредувањето на кејот на реката Брегалница во Делчево

Делчево, 19 февруари 2026 (МИА) - Во Делчево почна уредувањето на кејот на реката Брегалница, со што овој простор повторно се става во функција како место за прошетка, рекреација и дружење на граѓаните, информираа од Општината.

Градоначалникот Иван Гоцевски истакна дека кејот не е само простор за одмор, туку и огледало на градот и односот кон јавните површини.

– Активностите не претставуваат само расчистување и уредување, туку враќање на достоинството на еден од симболите на градот. Целта е овој простор повторно да стане безбедно и уредено место за семејствата, младите и сите граѓани, каде што чистотата, редот и грижата ќе бидат правило, а не исклучок – истакна Гоцевски.

Тој упати благодарност до менаџментот и вработените во ЈКП „Брегалница“ за нивната посветеност и грижа кон урбаниот изглед и квалитетот на живот во градот.

Со уредувањето на кејот, локалната самоуправа испраќа порака дека грижата за јавниот простор е заедничка одговорност и важен чекор кон создавање поубаво и пофункционално градско опкружување. Од Општината најавуваат дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период. вс/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан