• среда, 25 декември 2024

Почна санација на дел од улиците во штипската населба Света Недела

Почна санација на дел од улиците во штипската населба Света Недела

Штип, 11 јули 2023 (МИА) - Почна санирањето на улиците во штипската населба Света Недела. Од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, информираат дека денеска по повеќе од една деценија се бетонираше крак од главната улица која води кон црквата Света Недела.

Посочуваат дека предвидено е да се работи и на санација на целата улица, а не само на еден крак. Жителите се задоволни, бидејќи нема да одат по кал, а ќе може да им доаѓа и такси возило до нивните куќи.

Инвестицијата чини 2,5 милиони денари, а средствата се обезбедени од Општина Штип, Министерството за транспорт и врски и организацијата „Ромалитико“.вдј/бт/

Фото: МИА

Остани поврзан