• понеделник, 23 декември 2024

Почна проширувањето на дел од булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово

Почна проширувањето на дел од булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово

Куманово, 28 јули 2023 (МИА) - Почна реконструкцијата и проширувањето на дел од булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, во близина на гимназијата „Сами Фрашери“.

Како што соопштија денеска од одделението за комунални дејности, ангажирана е избраната компанија која на терен ги почна активностите.

-Продолжуваме со реконструкција на тротоари и дел од булеварот „Трета МУБ“, информираше кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Претходно, беше извршено проширување на булеварот од спротивната страна кај градскиот пазар како и улицата „Страшко Симонов“. За оваа намена од општинскиот буџет одвоени се 11 594 793 87 со вклучен данок на додадена вредност. Договорот со избрана кумановска компанија е склучен кон крајот на март, годинава. ам/мч/

фото: ФБ Максим Димитриевски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан