• четврток, 23 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Почна замена на урбана опрема на плоштадот во Куманово

Почна замена на урбана опрема на плоштадот во Куманово

Куманово, 16 јули 2025 (МИА) - Почна замената на урбаната опрема на градскиот плоштад „Нова Југославија“ во Куманово, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

– Поставување нова урбана опрема, односно клупи, во централното градско подрачје. Продолжуваме со активности за уредување на јавниот простор, објави Димитриевски.

За оваа намена општина одвои скоро 1, 2 милиони денари (1.199.999,82)

Покрај клупите на градскиот плоштад, ќе се заменат и клупите кај паркот кај спортската сала, а воедно ќе бидат реконструирани и фонтаните на двете локации. Општината, склучи договор со друга компанија од Скопје за реконструкција на фонтаните во Куманово. Според објавените податоци за оваа намена одвоени се скоро седум милини денари (6.899.999,26)

-Предвидена е реконструкција на фонтаните на големиот плоштад, исто така сите фонтани пред спортската сала и дополнително комплетната урбана опрема на градскиот плоштад и во рамки на оној мини парк пред спортската сала, изјави претходно Димитриевски.

Граѓаните бараат поставување видеонадзор, поголема контрола од службите, бидејќи општината постојано вложува во нова урбана опрема која е мета на вандалско однесување. Често новопоставената опрема ја уништуваат несовесни кумановци  веднаш по поставувањето. ам/


Фото МИА

Остани поврзан