Почна да се асфалтира патот меѓу селата Бориево и Колешино
- Почна асфалтирањето на локалниот пат меѓу населените места Бориево и Колешино во должина од 3,2 километри, информираше градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков.
Струмица, 23 октомври 2020 (МИА) - Почна асфалтирањето на локалниот пат меѓу населените места Бориево и Колешино во должина од 3,2 километри, информираше градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков.
Овој локален патен правец се асфалтира со заедничка соработка на двете рурални соседни општини, Босилово и Колешино, со средства обезбедени од Бирото за регионален развој во износ од 17 милиони денари за првите две фази од асфалтирањето.
-Овој патен правец е насушна потреба на граѓните од овој регион, кои се занимаваат претежно со одгледување на раноградинарски култури и на тој начин, ќе им биде олеснет пристапот до нивите, ќе имаат побрз пристап до пазарите и ќе имаат подобра комуникација. Се надевам дека следната година ќе ги обезбедиме потребните средства за целосно завршување на овој патен правец, рече градоначалникот Зимбаков.
Асфалтирањето на патот меѓу овие две села е еден од проектите кои се прифатени од Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион, а во првата и втората фаза е планирано да се асфалтираат 1,7 километри од страна на општина Босилово, а останатите се обврска на општина Ново Село. рт/ац/