• вторник, 24 декември 2024

Почина Радмила Ставриќ - Хрисохо, специјалист по биохемија

Почина Радмила Ставриќ - Хрисохо, специјалист по биохемија

Скопје, 23 февруари 2023 (МИА) - Во родниот град Скопје, на 93-годишна возраст, почина д-р Радмила Ставриќ-Хрисохо, специјалист по медицинска биохемија и основач на лабораторијата при Интерната клиника на Универзитетскиот Клинички центар.

Своите знаење од медицината ги усовршувала во Загреб, Белград, во Англија, Австрија и Данска. Ставриќ-Хрисохо е основач на Лабораторијата при Интерната клиника во Скопје, била директорка на Институтот за клиничка биохемија од неговото основање во 1975 година. Раководела со многу истражувачки проекти и објавила над 80 трудови. Држела настава на Катедрата по биохемија на Медицинскиот факултет во Скопје како редовен професор (почнувајќи од 1986 година).

Ставриќ-Хрисохо била избрана за прв претседател на Здружението на медицинските биохемичари на Македонија во 1990 година.

На 7 април 2020 година, по повод Светскиот ден на здравјето, Македонското лекарско друштво и ја додели повелбата „Трифун Пановски“. вг/са/

 

Фото: приватна архива

Остани поврзан