• петок, 23 август 2024

Починат српски државјанин пронајден во Демиркаписко, телото на обдукција

Починат српски државјанин пронајден во Демиркаписко, телото на обдукција

Демир Капија, 22 август 2024 (МИА) - Починат српски државјанин бил пронајден вчера во Демиркаписко, телото било предадено на обдукција, информираа денеска од СВР Велес.  

-Вчера во 11.55 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во Демир Капија, во близина на река Вардар на место викано Арсова Лака, бил пронајден починат В.Д.(82) од Република Србија. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштија од СВР Велес. свд/сст/

фото МИА архива

Остани поврзан