• вторник, 24 декември 2024

Потпретседателот на ЕК ја критикуваше Евровизија за забраната на знамето на ЕУ

Потпретседателот на ЕК ја критикуваше Евровизија за забраната на знамето на ЕУ

Брисел, 13 мај 2024 (МИА) - Потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Синас ја критикуваше одлуката на Европската радиодифузна унија (ЕРУ) да ги забрани знамињата на ЕУ за време на Изборот за песна на Евровизија, велејќи дека таквиот потег е подарок за „непријателите на Европа“.

-Она што го направи ЕРУ е неверојатно, изјави Синас за Политико.

Тој оцени дека одлуката на ЕРУ за првпат да се забрани истакнување знамиња освен знамињата на земјите учеснички на Евровизија не е навремено донесена, имајќи го предвид одржувањето на европските избори следниот месец, како и фактот дека таквиот потег следеше во време кога илјадници демонстранти протестираат против законот за таканаречените „странски агенти“ на улиците на главниот град на Грузија, Тбилиси, како знак, како што наведе тој, за поддршка на демократските вредности кои ЕУ ги претставува. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан