• вторник, 24 декември 2024

Потпишување на Кодексот за фер и демократски избори за Изборите за пратеници

Потпишување на Кодексот за фер и демократски избори за Изборите за пратеници

Скопје, 17 април 2024 (МИА) – Претставници на подносителите на листи за кандидати за пратеници во Собранието денеска напладне во Кристалната сала на законодавниот дом, ќе потпишат Кодексот за фер и демократски избори.

На претстојните парламентарни избори ќе настапат Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, Коалиција Европски фронт на ДУИ, политичката партија Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“, политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Единствена Македонија, Нова алтернатива Скопје, АВАЈА, Европско граѓанско движење, Македонска ера трета/Македонски независни листи – Суверенисти, Твоја партија, Родина Македонија, Десна, Демократи Скопје и Работничка партија.

Единаесетите парламентарни избори ќе се одржат на 8 мај. ар/ев/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан